Римски Лацио ја продолжи победничката низа која го одржа на врвот во Италија. До четвратата победа во низа, избраниците на Еди Реа ги предводеа Флокари и Маури. Ето уште еднаш се покажа како главен играч за Интер откако во финишот на мечот го спаси Бенитез од пораз, погодувјаќи за 1-1.


Македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра последниот пола час, влегувајќи во игра на местото на Биабиани. По санирањето на повредата поради кој ги пропушти мечевите на македонската репрезентација, Пандев трет натпревар во низа добива шанса во вториот дел.


Резултати: Парма-Рома 0:0, Лацио-Каљари 2:1, Болоња-Јувентус 0:0, Лече-Бреша 2:1, Џенова-Катанија 1:0, Удинезе-Палермо 2:1, Киево-Чезена 2:1, Интер-Сампдорија 1:1, Фиорентина-Бари 2:1.

Осмото коло во Серија ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Наполи-Милан