Римски Лацио ја намали предноста во одност на водечкиот Милан, на три бода откако со 3-2 го победи Удинесе на Олимпико. “Орлите“ беа во водство во поголемиот дел од мечот но победата ја потврдија со голот на Козак во 88 минута.

Јувентус пропушти можност да му се приклучи на Лацио на втората позиција откако во 93 минута Пелисиер ја погоди мрежата на Сторари и изедначи на 1-1.

Резултати: Бари-Палермо 1-1, Киево-Јувентус 1-0, Катанија-Бреша 1-0,  Парма-Болоња 0-0, Наполи-Лече 1-0.  Градското дерби меѓу Сампдорија-Џенова поради лоши временски услови е одложено.

Видео : Бориело ги реши своите