Нема стоп за македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Напаѓачот на Лацио кој ја игра најдобрата сезона во својата кариера за само осум минути минати на теренот успеа да се запише во листата на стрелци во небесно синиот дрес.

Пандев влезе во игра на местото на Зарате во 76 минута, а со погодокот по додавањето на Симоне Инзаги во 84 минута ја запечати победата на римски Лацио против Аталанта во италијанскиот куп.

Стрелец на првиот гол за Лацијалите беше , Ледезма.

Во осминафиналето од италијанскиот куп Лацио ќе игра против Милан.

М.П.