Прекината е негативната низа на Лацио. “Орлите“ триумфираа на гостувањето кај Лече (0-2). Фоџа и Коларов беа стрелци головите во победата прва по шест кола. Македонецот во небесно-синиот дрес Горан Пандев ги одигра сите 90 минути во победата на лацијалите.
Милан со минимални 1-0 го совлада Каљари на Сан Сиро. Росонерите отпорот на гостите го скршија во 65-та минута преку Сидорф.
Резултати: Милан – Каљари 1-0, Катанија – Реџина 2-0, Фиорентина – Киево 2-1, Лече – Лацио 0-2, Наполи – Џенова 0-1, Сампдорија – Аталанта 1-0, Торино – Удинезе 1-0
Табела: Интер 59 бодови, Јувентус 50, Милан 48, Фиорентина 45.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com