Вистинско лајт шоу ги пречекува гостите на влезот во Охрид.

Најверојатно поради електричен спој, светилките на клучката од магистралата за Скопје наизменично се палат и гасат. Истото се случува и со илуминацијата на репликата на традиционалната охридска куќа.

Наизменичното палење и гасење на светилките делува збунувачки на возачите, особено што се работи за мошне фрекфентна клучка.

Инаку вечерва во населбата Далјан се запали електричен кабел од трансформатор, но не се знае дали тоа можеби ги предизвикало проблемите со осветлувањето на клучката на влезот од Охрид. 

OhridNews