Скопска четиричлена дружина Лабаво Лавабо, деновиве го објави својот прв видео запис, а се работи за преработката на веќе култната „Niggas in Paris” на мега популарните Jay Z i Kanye West.
Кавер бендот кој на македонската музичка сцена се активни од 2010-та година, можат да се пофалат со преку 250 настапи низ локалите ширум земјава.
Момците од бендот кој се добро познати и на охриѓани, велат дека моментално работат на нивниот авторски материјал, а наскоро ќе обелоденат повеќе детали околу него. Нивната прв „сингл“, се очекува да излезе много скоро.
OhridNews