Атлетико Мадрид на Винсенте Калдерон со 1-0 го совлада англискиот преставник во Лигата на Европа, Ливерпул. Стрелецот за минимална предност пред реванш натпреварот беше уругвајскиот репрезентативец Диего Форлан.
Првата германска-англиска пресметка на АОЛ Арената каде ќе се игра финалето од Лигата на Европа заврши со мирољубиви 0-0. Пласманот во финалето Хамбургер и Фулам ќе го “бркаат“ на Кревен Котиџ.