Овации од воодушевување во преполната арена „Билјанини извори“ предизвика потегот на Крсте Крстески – Црнчо, кој на полувремето од ракометниот куп натпревар помеѓу екипите на Охрид и Струга, ја побара раката на својата девојка Кристина. Поддржан од навивачката група „Рибари“ чиј истакнат член е долги години, Црнчо пред транспарентот кој го носеа ракометарите на Охрид клекна на колена и ја запроси девојката која изненадена ја прифати понудата.

Среќно мајсторе!


Црнчо подготвен со изненадување….


….а девојка му не знае што ја очекува


„Рибарите“ со песна го најавија романтичниот момент


Поддршка стигна и од играчите на Охрид


Сега нема враќање


Имам само една желба


исполнета


ништо без прстен


а и убаво и стои


Овации во „Билјанини извори“


Честитки од тато


Нека ви е со среќа!


Крсте Црнчо ја побара раката на Кристина на  ракометното дерби Охрид – Струга

OhridNews