Реал Мадрид после пауза од шест години се пласираше во најдобрите осум. “Кралевите“ на Сантијаго Бернабе со убедливи 3-0 ги совладаа “лавовите“ и со севкупни 4-1 си го визираа 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


Бразилецот во дресот на “лос бланкос“ Марсело одлично го искористи додавањето на Роналдо се ослободи од двајца противнчки фудбалери и го матираше Лорис. Францускиот репрезентативец Карим Бензема е прецизен за 2-0 откако искористи едно недоразбирање на централните дефанзивци. Анхел Ди Мариа со “лоб“ удар го запечати пласманот во понатамошната фаза.

Мх.П.