Во пожар синоќа до темел изгоре шанкот на плажата Корали во населбата Лагадин. Пожарот се случил околу 22.30 часот. Противпожарната единица од Охрид реагирала брзо, но поради силината на огнот не можело да се стори ништо за да се спаси инвентарот на плажата.

Сопствениците штетата ја проценуваат на над 50 000 евра, а не се исклучува можноста пожарот да бил и подметнат. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а истрагата треба да открие што го предизвикало пожарот на плажата Корали. И покрај големата штета сопствениците најавуваат дека плажата ќе биде реконструирана и ќе проработи до 1 јули.

Ohridnews