Баерн Минхен до победа стигна на финишот на натпреварот со контроверзниот погодок на германскиот интернационалец Мирослав Клосе во 88 минута. Робен од белата точка го отвори резултат а на 1-1 израмна Кролдруп. Виолетовите од 73-та минута играа со фудбалер помалку откако исклучен беше Гоби.
Освојувачот на Лигата на Шампиони од 2003 Порто со 2-1 го совлада минатогодишниот полуфиналист Арсенал. Варела со голема помош на Фабиански го донесе во предност Порто, за 1-1 погоди повратникот кај топџиите Сол Кембел, конечните 2-1 го постави Фалкао.