Екипата на Охрид, претрпе минимален пораз (1-0) на гостувањето во Дебар кај Кораб, во рамките од осмата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ одиграа добар и квалитетен натпревар, и само поради главниот судија Садик Таири не освоија ниту еден бод во локалната пресметка. Стружанецот пред крајот на првиот дел досуди контроверзен пенал кој домаќините го реализираа. На крајот сомнителниот пенал го одлучи победникот.
Од охридскиот клуб најавија жалба за судењето. Иначе, немаат замерка за домаќините, пречекот и фер и коретната игра.
„Рибарите“ после третиот пораз вкупно сезонава остануваат во втората половина од табелата. Во последната рунда од првиот круг на домашен терен ќе го пречекаат Тетекс (Лабуништа).
Мх.П.