Реал Мадрид ја победи Севиља со 1-0 во првиот полуфинален натпревар од Копа Дел Реј. Стрелец на победничкиот гол беше Бензема во 17 – та минута. Натпреварот можеше да добие сосема друг тек доколку во финишот на првиот дел помошниот судија го признаеше погодокот на домаќините.

По завршувањето на мечот голманот на Реал Мадрид беше погоден со предмет од страна на навивачите на Севиља.

Барселона немаше проблеми со Алмерија и по победата од 5-0, само чудо може да ја спречи од пласман во финалето. Реванш средбите се играат за седум дена. 

Ohridnews