Ветрот, кој денеска засилено дуваше во Охрид, предизвика необичен проблем. Имено, тој придвижи празен пластичен контејнер на булеварот „Туристичка“ кој буквално се шеташе на коловозот, час на едната, час на другата страна. За среќа не предизвика сообраќајна незгода, а подоцна совесен возач го врати на место.

OhridNews