Во премиерниот натпревар од осмата рунда во италијанската серија А, Фиорентина со 2-1 го совлада Бари на “Артемио Франки“. До победата која е само втора за српскиот стратег Синиша Михајловиќм “виолетовите“ ги одведоа Донадел и Џилардино. Почесниот погодок за Бари беше дело на Паризи во судиското надополнување.

Денес од 12 часот и 30 минути играат Парма – Рома, а од 15 часот се играат натпреварите Џенова – Катанија, Болоња – Јувентус, Киево – Чезена, Лацио – Каљари, Лече – Бреша, Удинезе – Палермо. Во ноќниот неделен термин од 20 часот и 45 играат Интер – Сампдорија.

Колото ќе биде комплетирано со натпреварот во понеделник помеѓу Наполи и Милан (20:45).

Табела: Лацио 16 бодови, Милан и Интер по 14, Наполи 12, Јувентус и Палермо по 11,