Навивачката група „Комити“ и симпатизерите на Вардар им приредија пријатно изненадување на ракометарите пречекувајќи пред домот „Јане Сандански“. Стотици луѓе ги поздравија хероите кои синоќа после елиминацијата на Пик Сегед во 1/4 финалето обезбедија ново учество на завршниот турнир во Лигата на Шампиони.
Хероите пристигнаа !!!Без разлика на резултатот во Келн на први и втори Јуни, момциве заслужуваат величествен пречек, затоа што уште од сега тие се нашите Шампиони! Колку ќе биде убаво нашиот 32-ри роденден повторно да го прославиме на плоштадот Македонија како јубилејниот 30-ти на 4 Јуни 2017г.#ЦрвеноЦрниСпомени #ОдимеНаНоваТитула
Geplaatst door Komiti Skopje op Maandag 6 mei 2019
Противникот во вкупно третото учество на Ф4 турнир, избраниците на Гарсија Парондо ќе го дознаат утре на пладне во ждрепката која ќе се одржи во Виена.
OhridNews