Актуелниот шампион на Италија Милан, во екот на големата резултатска криза која трае од почетокот на 2023, синоќа на Сан Сиро го пречека Торино.
По четирите натпревари без победа и поразот од Интер во градското дерби, притисокот врз „росонерите“ и тренерот Пиоли беше голем. Малерот Милан го скрши со нови дресови и минимален триумф над Торино, кој го донесе Оливие Жиру во второто полувреме.
Колку е значајна оваа победа за Милан, покажува реакцијата на коментаторот на клупскиот канал кој еуфорично го прослави клучниот момент на средбата.
Коментаторот „збесна“ по победоносниот гол на Жиру за Милан
По 22 одиграни кола, Милан е на третото место на табелата во Сериа А со 41 бод, но и натпревар повеќе од конкурентите за највисок пласман. На табелата лидер е Наполи 56 бода, Интер е втор со 43.
Г.М.