Одбројувањето до почетокот на второто издание на Атлетскиот настан „Охрид трчаТ“ влегува во завршна фаза. Денот број два ќе и го посветиме на водата „Горска“ која ќе биде главниот пријател на учесниците во текот на 5 и 10 километарската и тим билдинг трката.
На вкупно пет освежителни станици кои ќе ги бидат долж трката „Горска“ вода за учесниците ќе делат преставници од Советот на Општина Охрид, Заводот за кардиоваскуларни заболувања, Лајонс клубовите од Охрид и Ротари клубо, што ќе биде одличен поттик за сите учесници.
Главниот настан на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи в недела на 3 јуни, а стартните пакети ќе се подигаат в сабота на градскиот плоштад од 10 до 20 часот.
OhridNews