Охридскиот гитарист Мартин Милески го претстави “SECRETS” – неговиот прв сингл кој е дел од албумот “Colosseum Full of Emotions”. Албумот се состои од 8 синглови, а музиката и енергијата на секоја од песните раскажува за различни мигови од неговиот живот.
На 13 годишна возраст починува неговата мајка и само 5 години подоцна, исто и неговиот татко. Иако скршен и разочаран, Мартин се труди да гледа на светлата страна на животот и да даде се да ги исполни своите соништа. Овој сингл и албум се баш тоа! Животот на Мартин претставен преку емоциите на музиката и видео кое содржи сеќавања од неговиот живот.
Мартин Милески со првиот официјален сингл “SECRETS”
OhridNews