Министертството за финснсии на чие чело е охриѓанец во изминатите две години власт на ВМРО ДПМНЕ нема дадено ниту еден денар за капитални или инфрструктурни проекти во Охрид, рече во своето обраќање кандидатот за пратеник на коалицијата „Сонце“ од Охрид, Томе Чингоски.Поради тоа, рече тој, општината Охрид со сопствени средства ги реализираше проектите битни за развојот на туризмот и истовремено ги враќаше милионските долгови, поради кои на локалната самоуправа не и одобрен влез во втората фаза на децентрализација. Пред две години кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ од Охрид ветија преродба на Охрид, но ништо не направија, рече Чингоски и запраша каде се фискултурните сали, фудбалските стадиони, компјутерите и 1000 нови училишта?
Лидерот на Новата Алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, во својот емотивен говор ја обвини власта дека го лаже народот. „ Две години живееме во шизофренијата на рекламите и лагата и манипулацијата на реалниот живот“, рече Оровчанец. Тој рече дека наместо ветената преродба во економијата државата се соочува со голем трговски дефицит кој и се заканува со стечај, на берзата не се тргува, а граѓаните сето тоа го чувствуваат по сопствениот џеб. „Груевски се фали дека ќе го доградел Идризово, ќе направел ново крило. Само нека го гради, таму ќе го помине наредниот мандат од 4 години“, рече Оровчанец, додавајќи дека на Македонија не и требаат зандани туку интеграции. „Србија се откачи од национализмот и тргна по европскиот пат. Ќе останеме ли ние заложници на Балканот“, рече Оровчанец искажувајќи оптимизам во победата на коалицијата „Сонце“ на претстојните избори.
Ѓорѓи Оровчанец
Однесувањето на Никола Груевски беше клучно за недобивањето покана за НАТО во Букурешт, рече либералот Стојан Андов. Во Македонија има многу патриоти но сами не сме доволни да ги решиме проблемите, затоа ни требаат пријателите во светот, додаде Андов. Тој рече дека Македонија треба да го отвори патот кон ЕУ и НАТО, а за тоа и се потребни личности како Радмила Шекеринска на кои, како што кажа, „Европа им верува“.
Стојан Андов
Македонија води неодговорна политика а најодговорен за тоа е Никола Груевски, рече лидерот на ЛДП, Јован манасиевски, кој порача дека Македонија треба да се врати на европскиот пат, а не на балканскиот слеп колосек. По две години владеење на ВМРО ДПМНЕ останавме да се споредуваме само со Албанија која пред нас влезе во НАТО, инфлацијата од 10% зачука на нашите врати, економската моќ на македонскиот граѓанин опаѓа, а се подготвува и поскапување на струјата од 20%, рече Манасиевски. Мора да се спречи политичкото, општественото и економско пропаѓање на земјата , додаде Манасиевски.
Јован Манасиевски
Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Сонце„, Јани Макрадули, рече дека туристите се плашат да дојдат во Охрид заради политиката на Груевски. Охрид и Македонија се изолирани, додаде Макрадули.Тој рече дека граѓаните на Охрид знаат што се случува и знаат за кого да гласаат на изборите, ветувајќи поголема децентрализација, изградба на пристаниште кај Подмоље, како и поголеми средства за развој и промоција на туризмот.
Јани Макрадули
Последна на охриѓани им се обрати претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Силно критикувајќи ја политиката на Груевски и неуспехот на НАТО Самитот во Букурешт, Шекеринска од Охрид уште еднаш јавно вети дека додколку коалицијата „Сонце“ победи на овие избори Македонија за 6 месеци ќе влезе во НАТО и ќе ги отпочне преговорите за членство во ЕУ. Во 2009 година младите слободно ќе можат да патуваат со македонски пасош, рече Шекеринска. Тоа ќе го направиме не со фалење туку со работа, нема да се рекламираме, туку ќе збираме пријатели по европскиот континент“, рече Шекеринска. Ова наше ветување доаѓа со гаранција и затоа толку многи ја боли власта забележа Шекеринска. Таа рече дека власта се плаши да се соочи на телевизиски дуел со кандидатите на опозицијата зошто нема резултати, а го критикуваше и предлогот за референдум зарешавање на проблемот со името со Грција. „Референдум не се прави за да се зачува името, туку за да се промени уставното име, рече Шекеринска. Таа ги повика неопределените гласачи да излезат на избори, бидејќи како што рече сега е време да се размисли за иднината на земјата и кој ќе ја води во наредните 4 години.
На митингот во Охрид на кој беа претствени кандидатите за пратеници од коалицијата „Сонце“ во 5-та ИЕ, присуствуваа повеќе илјади граѓани од сите краишта на Македонија.
Од синоќешниот митинг на коалицијата „Сонце“ во Охрид