Владо, Климе, Александар, Христијан и Бојан се пет млади момчиња од Охрид кои го сочинуваат популарниот бенд „Броз“ кој изминатава година, колку што постои во овој состав, ја одбележува забавата во градот. Нивните свирки се всушност вистинско шоу исполнето со добра музика и интеракција со публиката. Енергијата која се создава на забавите на „Броз“ е посебна, а атмосферата незаборавна. Бендот изведува македонска музика и хитови од просторите на поранешна Југославија, а зад себе има и една авторска песна „Каде ми си ти“. Во периодот кој следи „Броз“ најавува издавање на уште два сингла.

Како започна приказната наречена „Броз“, која е тајната на нивниот успех, односот со публиката која ги обожува и идните планови на групата, погледнете во ексклузивниот разговор со момците од „Броз“ на OhridNews.

OhridNews