Кинезот Лиу Веи (23) кој свири клавир со прстите на нозете победил на овогодинешниот кинески Суперталент. Така тој влегува во друштвото на ѕвезди кои победиле на телевизиските ТВ-шоуа, како британката Сузан Бојл (49) и амерканката Џеки Еванчо (10). Неговиот талент е меѓу најпосебните. Лиу на возраст од 10 години во несреќа останал без двете раце. Тој се помирил со губитокот, но одлучил дека нема да престане да работи на себе и така потајно на 18 години научил да свири клавир.


Во финалето на кинескиот Супер Талент со својата изведба на песната You’re beautiful’на Џејмс Блант го победил 7-годишниот комичар Загна Фенгксиа. Лиу како гостин го повикала тајванската пејачка Џолин Тсаи и му понудила заедно да настапат на нејзината светска турнеја која почнува за три месеци во Лас Вегас.