Катанија со пресврт го совлада лидерот на табелата Интер со 3-1. Милито ги донесе во водство “нероaзурите“, Макси Лопез изедначи на 1-1, Катанија го искористи исклучувањето на Мунтари и преку  Маскара од пенал “ала Тоти“ зголеми на 2-1, Мартинез го потврди големиот триумф над Интер.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев настапи само 15 минути во поразот на Интер.  “Нероазурите“ го  претрпеа третиот пораз во оваа сезона.

Табела: Интер 59, Милан 55, Рома 52, Палермо 46, Јувентус 44