Лидерот во Серија А, Милан конечно ги “запали“ моторите, избраниците на Масимилијано Алегри со лежерност во играта и полна кошница погодоци ги испратија “млекарите“ од Сан Сиро.


На натпреварот брилираше повратникот во италијанската репрезентација Антонио Касано кој со еден погодок и две асистенции беше најзаслужен за трумфот на “росонерите“.

Добро е што победивме, можеше да се види дека на натпреварот влеговме одлучни да го “нокаутираме“ противникот. Ако продолжиме да играме во ваков стил како што одигравме на натпреварот со Парма, тешко дека ќе имаме посериозна пречка – смета Касано.

Следен натпревар на “росонерите“ е 1/8 финалето од Лигата на Шампиони со Тотенхем. Касано нема право за настап за Милан, бидејќи играше во квалификациите за групите со Сампдорија.

Сакам да играм но неможам, тешко ми е што се наоѓам под такви околности. Ќе се борам за своите фудбалери на трибините, среќен сум кога ги гледам дека се радуваат заедно – заврши Касано.


Видео : Милан се истури врз Парма, Кавани го држи Наполи на врвот

Мх.П.