Селекцијата на Бразил е победник на купот на конфедерациите. “Селесао“ до третата титулата во ова натпреварување стигна на спектакуларен начин откако со 3-2 го совладаа тимот на САД.
“Америте“ имаа 2-0 предност по првите 45 минути со головите на Демпси и Донован, Пресвртот го најави најдобриот стрелец на турнирот Луис Фабиано кој погоди на двапати додека самбата ја најави капитенот Лусио во 84 минута.
За најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен новиот крал Рикардо Кака`.
Бразил наредната година ќе мора да се соочи со проклетството кое вели, дека ниту еден победник во овој куп не успеал да го освои Мундијалот во наредната година.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com