Следнава ситуација многу потсетува на поента од еден стар добар виц: „Што знае дете што е 100 или 200 кила – крени носи“. Само за случајов важи: Што знае дете што е топло а што ладно. Иако времето вчера беше навистина пријатно сепак е  октомври а температурата на водата во Охридското Езеро е  под “подносливите“ 20. степени Целзиусови. По се изгледа тоа не им пречеше на две дечиња да се освежат во езерските води кај градското пристаниште.


Васко Бујароски