На проблемите на жителите на ул. „Железничка“ им нема крај. Не е доволно што со години живеат во прашина и со неисполнети ветувања од властите дека конечно ќе биде реконструирана и проширена оваа значајна сообраќајница, сега стравуваат и за сопствените животи. Последниот инцидент се случи вчера кога камион пропадна во канал во кој имало и работник кој за среќа за влакно спасил глава. Жителите од „Железничка“ не се изненадени од оваа несреќа која, како што велат ,беше прашање на време кога ќе се случи, бидејќи градежниот простор не е обезбеден и претставува опасност како за возачите, така и за минувачите.


OhridNews