Едно лице е повредено во бизарната несреќа што синоќа околу 20 часот се случи на улицата „Јане Сандански“. Според очевидци камион закачил во кабли од бандера и ја кутнал. Во инцидентот настрадала една жена, која најверојатно била удрена од тешките кабли. При падот таа се здобила со скршеница на колкот, по што со возило на брза помош била пренесена во болница.

На местото на несреќата пристигна и полицијата, која го регулираше сообраќајот на улицата „Јане Сандански“ додека  екипи на „Телеком“ и на кабелскиот оператор ги заменуваа оштетените кабли.


Камион кутна бандера, едно лице повредено

OhridNews
видео: Митко Орачевски