Гана е поразена со 1-0 и се збогува од можноста со злато да ја круниса организацијата на првенството. Клучниот момент се случи во вториот дел од натпреварот, во 70-та минута одлично изведена контра, која со гол ја круниса Н’Конг.
Во вториот полуфинален натпревар Египет убедливо со 4-1 го совлада најголемиот фаворит на турнирот, репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Египет стигна го голем триумф, едноставно се им одеше од нога за разлика од противникот, кој иако даде се од себе сепак мораше да се соочи со убедлив пораз. Творци на победата за Египет беа: Фату, Заку (два гола) и Терика, додека единствениот гол за Брегот на Слоновата Коска го постигна Кеита.