На неодамна одржаната манифестација „Лето 2009“ избегнат е инцидент кој можеше да има сериозни последици по неколку млади животи. Вознемирен коњ тргна кон клупата на која имаше две мали деца и само присебната реакција на еден снимател спречи трагедија. Снимателот во последен момент го исплаши коњот и ги спаси децата, во што му помогна уште еден човек. Случката со својата видео камера ја забележал снимателот Дарко Димитриески, кој ја сподели со нас.


Ohridnews