Безбедносни камери го забележале страотниот земјотрес на Хаиити за кој се претпоставува дека однесе повеќе од 50000 животи.


Камерите го забележаа катастрофалниот земјотрес на Хаити

Според властите на Хаити иако е рано да се зборува за бројки се смета дека бројот на загинати се движи помеѓу 30.000 и  50.000 лица, а последните информации од теренот говорат за 45.000 загинати. Повеќе илјади повредени чекаат на лекарска помош пред оштетените болници, додека не постои точна проценка уште колку повредени лица се наоѓаат под урнатините.

Хаити побараа итна помош за расчистување на улиците за да можат спасителите да се пробијат до деловите на градот кои најмногу настрадаа во потресот, а исто така имаат потреба од лекари и медицинска помош. Нарушено е редовното снабдувањето со вода и електрична енергија, додека нарушувањето на телекумикациите се повремени.

Во текот на ноќта населението и покрај зачестените истрели, заради страв од нови потреси останало на улица.. Властите на Хаити стравуваат од појава на бран на насилство, нема систем за спасување и справување со последиците од катастрофи и очекуваат помош од страна на меѓународната заедница, додека во меѓувреме населението со голи раце се обидува да копа по рушевините за да ги извлечат преживеаните.


страотна слика на Хаити

Помош за Хаити најавија голем број држави меѓу кои и Македонија. Кон оваа островска земја итаат трупи на американската војска кои ќе се обидат да помогнат да се воспостави ред и мир и да го спасат локалното население од разбојничките групи кои веќе ја користат новонастанатата ситуација и вршат грабежи и терор.

Најтешка состојбата е во главниот град Порто Пренс кој е без вода и струја. Специјалниот пратеник на ОН, Бил Клинтон, изјави дека критични ќе бидат следните 10 дена и дека судбината на илјадниците повредени и на преживеаните ќе зависи од меѓународната помош и брзината со која таа ќе пристигнува.

Ohridnews
фото: index.hr