Месеци по извонредниот концерт на охридското пристаниште, познатата музичка група „Камелеон“ го промовираше видеото за песната „Река“. Се работи за една од двете нови авторски песни на бендот, кои премиерно беа изведени на концертот одржан на 16 август минатата година.
Текстот за песната „Река“ го напиша Марина Наумоска, а музиката е дело на Роберт Милески. Аранжманот е на групата „Камелеон“ и Владимир Димовски, диригент на Битолскиот камерен оркестар, тон мајстор е Зоран Ристовски, а постпродукција Зоран Кречо – „Кречо саунд“. Видео спотот го сними и реализираше „Мега продукција“.
Г.М.