Во Охрид попладнево се одржа мирен протест против полициската бруталност и убиството на Мартин Нешковски. На протестот кој беше најавен преку социјалните мрежи учествуваа неколку стотици граѓани, во голем дел млади, кои побараа одговорност и оставка на владата. Меѓу учесниците имаше загрижени граѓани од различни етнички заедници, претставници на граѓански здруженија, јавни личности, но и политичари од опозцијата.

Демонстрантите со пароли во рацете и скандирања, од центарот на градот се упатија кон СВР Охрид, кој беше под силно обезбедување, кое не им дозволи пристап до полициската зграда. На барикадите демонстрантите запалија свеќа за Мартин и ги повикаа полицајците да му се придружат на народот.

Околу 20 часот учесниците на протестот мирно се разотидоа.

OhridNews