Попладнево во Охрид повторно беа организирани паралелни протести од страна на Граѓанското движење „Протестирам“ и „Граѓанското движење за одбрана на Македонија“.
Поддржувачите на Граѓанското движење „Протестирам“ се собраа на плоштадот кај „Чинарот“, по што преку чаршијата се упатија до Централниот плоштад, па пред зградата на Основниот суд каде со пароли, скандирање и свирежи се упатуваа повици за правда.
Поддржувачите на „ГДОМ“оддржаа собир пред зградата на општина Охрид од каде упатија порака дека Република Македонија мора да излезе од политичката криза, а протестите да престанат да се организираат бидејќи може да имаат негативни последици врз туристичката сезона.
Протестите кои ги обезбедуваа силни полициски сили минаа без инциденти.