Во Охрид попладнево се одржа мирен марш во знак на поддршка на македонската полиција по крвавите настани во Куманово, во кои загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а голем број беа повредени.  На маршот кој беше најавен преку социјалните мрежи учествуваа голем број граѓани, Градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на локалната самоуправа, носители на јавни функции, пратеници и претставници на владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Тие во долга колона се упатија кон крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“, каде што на сообраќаецот кој го регулираше сообраќајот му беше предадено знаме на Република Македонија, како симбол на поддршка за полицијата.

OhridNews