Охриѓаните Филип Василески Четкар и Горан Митрески, велешанецот Љупче Ѓорѓиев и Зоран Павловиќ од Србија, на 18 јануари го освоијa највисокиот вулкан на светот Ојос дел Саладо – “Очите на солта”, кој се наоѓа во пустината Атакама, Чиле.

Искачувањето по добро време на 6893 метри високиот врв траеше 11 дена. Целата авантура на првите Македонци на највисокиот вулкан во светот сега е преточена во видео, кое го следи подвигот на експедицијата од самиот почеток.

Погледнете го прекрасното видео, кое е вистинско позитивно освежување во време на голема криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19.

Г. М.