Сигурно се сеќавате на тазе сторијата на OhridNews за љубовта на охриѓанецот Стефан Николоски кон ФК Барселона, чиј верен навивач е. Освен тоа тој веќе две децении собира и колекционира дресови, реквизити и разни други предмети од легендарниот клуб и уште полегендарен стадион „Ноу Камп“. Приказната за Стефан и ФК Барселона сега доби и видео издание откако екипата на поткастот „Имам нешто да ти кажам“ беше на гости кај Стефан во „Шила“ каде се уште е отворена неговата изложба на вредни „предмети“ од ФК Барселона кои соговорникот вредно ги собира од својата 14-та година.
Премиерата на емисијата е во 20 часот, а ќе може да ја погледнете и тука.