Општина Вевчани деновиве имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија, фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води кој има повеќекратна корист за локалното население бидејќи придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина.
Фотоволтаичната централа е со инсталирана моќност од 19,8 киловати и се очекува на годишно ниво да произведува помеѓу 20 и 25 MWh електрична енергија.
Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.
Како малата општина стана енергетски ефикасна, погледнете во разгововорот со градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.
Како малото Вевчани стана енергетски ефикасна општина
Н.С.Ј.
Видео: Бобан Стојаноски