Охридските средношколци, денеска, втор пат излегоа на протести. Тие уште еднаш искажаа незадоволство од реформите во високото образование и побараа да престане игнорантскиот однос кон нив од страна на ресорното министерство. Средношколсците остануваат на барањето за средба со министерот за образование на која ќе се разговара за нивните барања. Средношколците од Охрид кои подолг период не посетуваат настава најавија дека бојкотот ќе продолжи се до исполнување на нивните барања, односно враќање на стариот концепт на матура и укинување на екстерното тестирање.


Втор протест на охридските средношколци

OhridNews