Минатата недела OhridNews во кафе барот Cuba Libre ја промовираше првата годишна ревија на настани и ги прогласи најуспешни приказни кои ја одбележаа 2014 година. Ревијата бесплатно беше дистрибуирана до читателите низ маркетите „Дон“, „Cuba Libre“, кафе „Два Бисера“ – комплекс Летница и други места и предизвика огромен интерес кај јавноста.
Признанието за Најуспешна бизнис приказна за 2014 година му припадна на најголемиот производител на леб и бели печива во регионот, АД „Жито Леб“, Охрид. Признанието за најуспешна приказна во областа на Денталниот туризам му беше доделено на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид. Најуспешна приказна од областа на културата и забавата за 2014 година е професионалниот актер и стендап комичар Никола Тодоровски, додека признанието за најуспешна приказна од областа на спортот им припадна на младите спортисти Нина Балабан и Јован Јованоски.
На промоцијата на ревијата „Охрид 2014“ присуствуваа поддржувачи и бизнис партнери на OhridNews, како и бројни охридски новинари.
OhridNews