На второто полуфинале на турнирот во мал фудбал Петровден во Мешеишта помеѓу Сатеска и Кафе бар 9 се изведуваа пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1. Пенал драмата со 3:2 ја доби екипата на Сатеска.
Сатеска поведе во 27 минута со голот на Никола Секулоски, а израмни Борче Китрозоски во 33 минута
Во пенал серијата за Сатеска прецизни беа Никола Секулоски, Даниел Митрески и Дарко Симјаноски, додека Мики Стеваноски и Димче Карамачоски не ја погодија мрежата. Кај Кафе бар 9 прецизни беа Јовче Китаноски и Борче Китрозоски, додека непрецизни беа Христијан Китрозоски, Кристијан Цацаноски и Мухамед Шаќир.
Во фииналето на турнирот “Петровден” во Мешеишта кое ќе се одигра во петок, 12 јули во вечерниот термин од 22:30 часот, ќе се сретнат АСП ПАК и Сатеска. Претходно од 21 часот во натпревар за 3 место ќе се сретнат Инекс Олгица и Кафе бар 9.
Г.М.