Зимска бајка на OhridNews на крајот од месец декември се уште е во свежи сеќавања на охриѓани, а деновиве заврши и монтажата на видео материјалот од традиционалниот предновогодишен хепенинг кој има и хуманитарен карактер. Музичко забавниот настан на годината во целосно исполнетиот центар за култура „Григор Прличев“ на публиката и понуди двочасовно уживање со безвременските хитови во беспрекорна и полна со емоции изведба на врвните музички уметници Емилија Маринова, Драган Василески – Пајо (Камелеон), Горан Папаз, Роберт Милески, Јане Тодороски и Филип Стојкоски Зизи. На „Зимската бајка“ фантастично шоу имаше извонредниот стендап комичар Никола Тодороски. 

Зимската бајка повторно понуди прекрасен сценски амбиент за што се погрижија Лабино саунд и цвеќара „Бела дизајн“, која изработува креативни декорации за свечени поводи. За светлото и звукот се погрижи повторно Лабино саунд. Настанот го поддржаа ресторан „Park Lake Side“, „Жито леб“, винарија Тиквеш, бутици „Емили“, бензинска пумпа „Моби Петрол“, „Мега продукција“ и фото Емилио, а главен медиумски покровител беше OhridNews. Како изгледаше музичко забавниот настан на годината во Охрид погледнете од видео записот на „Мега продукција“, која го овековечи настанот во висока дигитална резолуција и квалитет по кој оваа продукција е препознатлива.

OhridNews