Принудната пауза во ракометната Супер лига не ја намали работната атмосфера во охридскиот ракометен состав. „Гладијаторите“ под палка на Раде Стојановиќ низ интересни и необични игри на тренинзите ја одржуваат формата за продолжението од македонскиот ракометен шампионат.
Датум за рестарт на мечевите од Супер лигата е 21 октомври. Охрид на домашен терен ќе го пречека Радовиш, а потоа следуваат пресметките со Пролет во Скопје и „Езерското“ дерби во СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews