Министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави видео од тоа како ќе изгледа аеродромот во Охрид, откако ќе биде реконструиран.

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда. Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 м2 на двете нивоа, напиша Николоски на Фејсбук.

Во продолжение видеото како ќе изгледа новиот проект на охридскиот аеродром.

OhridNews