Јувентус победувајќи ја Џенова со 3-2 ја прекина црната серија од шест кола без триумф. За деби победа на новиот стратег на Старата Дама, Алберто Закерони се погрижи капитенот Дел Пиеро кој постигна два погодоци.


Победа на дебито оствари и новиот тренер на Лацио Еди Реја, откако Лацио со 2-0 ја совлада Парма на гостувањето, а до гостински победи во 24-то коло стигнаа последното пласираната Сиена и Болоња.

Резултати: Јувентус – Џенова 3-2, Каљари – Бари 3-1, Катанија – Аталанта 0-0, Киево – Сиена 0-1, Ливорно – Болоња 0-1, Парма – Лацио 0-2. Вчерва играат Наполи – Интер.

Интер е лидер на табелата со 53 и натпревар помалку,следуваат Рома 47,  Милан 45.