Чезена ја искористи лошата форма на Јувентус и успеа да грабне бод во дуелот со најтрофејниот италијански клуб. “Црно-белите“ имаа предност од 2-0 со головите на Матри. Хименез од пенал намали на 2-1, а по исклучувањето на Мота, на теренот имаше само еден тим.  Домаќините од серијата шанси ја искористија онаа во 80 минута на Пароло.