Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во мошне интересен натпревар го совлада Тотенхем со 3-1 и ја прекина одличната серија на Тотенхем. “Ѓаволите“ со триумфот над “петлите“ ќе преноќат на првата позиција во Премиер Лигата.

По досадното прво полувреме на “Театарот на соништат“, Јунајтед прв повлече, по двојната комбинација на Бербатов и Евра, Асуе Кото го собори францускиот репрезентативец за најстрога казна. Фудбалерот со најголем стаж во црвениот дрес, Рајан Гигс погоди за 1-0.


По еден корнер на Тотенхем највисок во 16-от на Јунајтед беше капитенот на “петлите“ Ледли Кинг, кој го изедначи резултатот.

Џокерот во ракавот на Фергусон, беше италијанскиот тинејџер Федерико “Кико“ Македа кој одлично асистира за најрасположениот фудбалер на Јунајтед Нани, кој во манир на голем стрелец го лобува чуварот на мрежата на Тотенхем за ново водство на црвените.

Португалскиот репрезентативец тука не застана, токму тој продолжи да ја меша одбраната на Тотенхем,  и по еден соло продор Паласиос го фаулираше во казнетиот простор и повторно пенал за Јунајтед. Рајан Гигс по втор пат е поуспеш од Гомеш за конечни 3-1.

Резултати: Мен Ју – Тотенхем 3-1, Болтон – Портсмут 2-2, Хул – Сандерленд 0-1, Вест Хем – Виган 3-2,   Вулверхемтпон – Блекбурн 1-1, Арсенал – Мен Сити

Табела: Мен Ју 79, Челси 77 (-1), Арсенал 71 (-1), Тотенхем 64, Мен Сити 62 (-1)