Охридскиот музичар Боби Мојсоски на Божиќ го промовираше шестиот официјален сингл “Јануари“. Текстот и композицијата се на Боби Мојсоски, а аранжманот е на Гоце Симоноски. Видео-записот е дело на Даниел Јовески.
-“Јануари“ ја искомпонирав пред точно четири години, но сега одлучив дека е вистинскиот момент оваа нумера да биде објавена. – вели Боби, кој им приреди убаво Божиќно изненадување на обожавателите.
OhridNews