Потонатиот брод „Коста Конкордија” успешно е извлечен од гребенот каде се насука на 13ти јануари минатата година кај островот Џили во Тиренското море, при што загинаа 32 лица.
.
Големата акција за исправање на трупот на луксузниот брод, почна по тричасовно одлагање заради невреме.
Акцијата, која досега не е изведена на голем брод, ја спроведе тим од 500 луѓе. Ваква акција никогаш порано не била изведена, a тимовите кои работат на извлекување на бродот стравуваа од можноста трупот на бродот да се распадне на делови за време на извлекувањето, но на крај акцијата успешно беше спроведена.
Конечното довлекување на бродот во пристаништето би можело да потрае неколку месеци, прецизираа италијанските медиуми, пренесувајќи ја изјавата на стручните лица.
Крузерот, седум пати поголем од Титаник, се насука во јануари 2012 година, откако удри во подводна карпа, по што се преврте на страна. Истрагата покажа дека капетанот Франческо Скетино премногу го доближил бродот до островот Гигли. Обвинет е за убиство од небрежност, предизвикување на бродолом и напуштање на бродот во кој имало 4.000 патници и членови на екипажот. Му се заканува затворска казна.
За смртта на 32 лица претходно се осудени координаторот на компанијата Коста Конкордија, Роберто Феранини, директор на бродскиот хотел, двајца офицери и кормиларот.
OhridNews
извор:„Макфакс“