До првиот трофеј под водство на Рафа Бенитез, четврти во низа нероазурите стигнаа со погодоците на Пандев во 42, и Ето во 70 и 80 минута од натпреварот.
Рома предходно подобро го отвори натпреварот, стигнувајќи до предност со голот на Рисе во 21 минута.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев беше повлечен од игра во 80 минута.
Интер и Пандев шансата за петта титула во низа ќе ја имаат в петок кога во Монако ќе играат во Европскиот суперкуп против Атлетико Мадрид.